03 Мај, 2024
0.0299

(ВИДЕО) „Apple“ ги претстави новите модели на „iPhone“ и поголемата верзија на „iPad Pro“

Објавено во: Стил 10 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Време е за долгоочекуваниот „Apple“ есенски настан на компанијата, кое е традиционално време за премиерата на ажурирана верзија на „iPhone“. Оваа година не е исклучок и освен новите телефони се надеваме да видиме таблети на ажурираната верзија на Apple TV. Ќе ги споделиме информациите хронолошки и најверојатно за новите модели на „iPhone“ ќе стане збор сосема на крајот од презентацијата.

Настанот започна со информации за „Apple Watch“, кој ќе добие нови функции со „Watch OS 2.0“ - тие беа претставени претходно оваа година, за време на „WWDC“. „Apple“ објави дека наскоро уредот ќе се здобие со апликации како „Facebook Messenger“ и „GoPro“, а освен тоа очекуваме и употреби за лекарски софтвер „AirStrip“. Апликацијата ќе обезбедува информации во реално време за физичката состојба на пациентите (на пример пулс) и ќе им даде можност за директна врска со лекарите кои ќе можат да ги прегледаат и да им го објаснат распоредот за процедури.

„Apple“ ја претстави и новата колекција од каишки и ланци за часовникот, дел од кои се создадени во соработка со производители на луксузни стоки „Hermes“. Заедно со тоа алуминиумската верзија на часовникот ќе добие две нови бои - златна и розово златна. Поевтиното издание ќе се здобие и со боите на скапиот модел, а освен тоа ќе има и каишки во многу повеќе бои. Новите модели веќе се продаваат во 24 земји, а „Watch OS 2.0“ ќе е достапен за симнување на 16 септември.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/JZJHbvDWzFQ[/embed]

Во однос на „iPad“ се потврдени гласините за дебито на поголема верзија на таблетот. Новиот уред се вика „iPad Pro“ и според компанијата е најмоќниот таблет кој е создавен досега. Уредот има 12,9-инчен дисплеј со резолуција 2732 х 2048 пиксели и се обложува на процесор „A9X“ кој е 64-битен и e 1,8 пати побрз од „A8X“. Додаден е и два пати побрз процесор, кој според компанијата ја обезбедува графиката со квалитет на конзола. „Apple“ дури тврди дека таблетот е 80% побрз од сите компјутери, испорачани во последните 6 месеци, а графиконот е 90% побрз од овие уреди.

Вклучени се 4 звучници, а батеријата трае 10 часа на автономна работа. Уредот е со дебелина 6,9 мм. Како што укажуваат гласините „iPad Pro“ ќе може да се комбинира со дополнителна надворешна тастатура, која е покриена со текстил и обезбедува подобри тактилни реакции кога се внесуваат информации. Тастатурата е дел од торбичка, така што уредот може да се позиционира под агол кој е лесен за употреба. Заедно со тоа компанијата промовираше и пенкало, кое се нарекува „Apple Pencil“. Тој е опремен со сензори, кои комуницираат со специјалниот дисплеј, а тоа за возврат им овозможува висока прецизност при цртање. Се полни преку вклучување во „Lightning“ портата на таблетот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/WlYC8gDvutc[/embed]

Ако се сеќавате, пред неколку години, Стив Џобс се изрази доста остро во однос за користењето на пенкалото, па промената во односот на „Apple“ е фасцинантно. Компанијата позиционира додатокот како соодветна не само за дизајнерите и уметниците, туку и за деловните корисници кои можат да ја користат во Office и за други професионалци. Уредот ќе се продава во верзии со 32GB, 64GB и 128GB меморија во три бои, а цената ќе биде 799, 949 и 1070 долари (тука се вклучени и LTE можности). Пенкалото ќе чини 99 долари, а за тастатурата со торбичка ќе треба да се одвојат уште 169 долари. „Apple“ го претстави и „iPad mini 2“ кој го нуди хардверот на „iPad Air 2“, но во помала големина. Цената за тој уред започнува од 399 долари.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/iicnVez5U7M[/embed]

Не беа пропуштени ни вестите и околу „Apple TV“. Компанијата изјави дека иднината на телевизијата се крие во апликациите, со тоа што повеќе корисници гледаат содржини преку такви. Во оваа насока се разви и уредот што ја користи платформата „tvOS“. Здобиен е со нов далечински управувач кој е опремен со Акцелеметарски „touchpad“ и микрофон за поднесување на гласовни команди кон „Siri“. „Apple TV“ ќе бара во содржината во сите достапни апликации со видео, па дури и да кажете „Пушти ми нешто смешно“ „Siri“ ќе ги прегледа апликациите како „Hulu“, „Netflix“, „HBO“, итн, за да ви ги покаже сите достапни опции. Не е пропуштена интеграцијата на „App Store“ и на „Apple Music“. Уредот користи 64-битен процесор A8 и поддржува 802.11ac Wi-Fi, а далечинскиот има вградена батерија која се полни во „Lightning“ порта. Цената е 149 долари за верзијата со 32GB меморија и 199 долари за оној со 64GB.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/wGe66lSeSXg[/embed]

Доаѓаме и до вестите за „iPhone“. Компанијата најави дека „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“ се најпопуларните смартфони во светот и треба да им се претстават наследниците. Според Тим Кук во новите телефони се е ново со исклучок на дизајнот. Како што веќе стана збор компанијата избра нова легура за обезбедување на поголема цврстина на трупот, а освен тоа и стаклото на екранот е одржливо. Додадена е и нова боја - розово злато. Екраните на двата нови уреди „iPhone 6s“ и „iPhone 6s Plus“ се опремени со технологијата „3D Touch“ која додава дополнителни можности за управување преку гестови и преку притисок со различна сила. Во основата на тоа се капацитивни сензори во осветлување на екранот, кои го пријавиле растојанието помеѓу стаклото и осветлувањето и така ја одредуваат силата на притисок.

Заедно со ова е додаден и новиот систем за обезбедување на повратна тактилна конекција преку вибрации според различните типови на допир и притисок на екранот. На пример може да се ѕирне во содржината на писмото без да мора да се отвора или да се разгледа содржината на врска без отворање на „Safari“. Притискањето на иконата на плеерот пример покажува листа со плејлисти или музика, кои може да се отворат директно. Општо земено технологијата работи насекаде во системот и во вградените апликации, но освен тоа, компанијата работи со програмери за интегрирање на „3D Touch“ во нивниот софтвер. Друга промена е додавање на „NFC“ можности и кон „iPhone 6s“ - досега функцијата беше достапна само во 6 Plus.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/aBYWGjIzvyw[/embed]

Смартфоните го користат новиот процесор „A9“, кој е 64-битен и користи транзистори со нова архитектура. Според компанијата тој е оптимизиран за употреба во реалниот живот и е 70% побрз од А8 со 90% повисоки графички перформанси. Копроцесорот М9 веќе е вграден во самиот процесор, што му гарантира непрекината работа. Обновена е и главната камера, која има добиено сензор со резолуција 12МР и фокусира уште побрзо и точно. Веќе е можна евиденција на 4К видео што може да се уредува во уредот. Резолуцијата на предната камера се зголемила за 5МР, а за осветлување на селфи сликите се користи светлина од екранот, кој пали 3 пати посветла боја од вообичаено. „Live Photos“ е нова функција која ги снима сликите со звук и повеќе снимки пред и по главната слика за обезбедување на интерактивен ефект при подоцнежно разгледување. Оптичката стабилизација останува за постар модел, но веќе работи и при снимање на видео.

Цената на телефоните во САД останува иста како и на „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“ - 199-399 долари за „iPhone 6s“ и 299 долари па нагоре за „iPhone 6s Plus“ за потпишување на двегодишен договор. Без договор цените се соодветно 649, 749 и 849 долари и 749, 849 и 949 долари. За споредба во Германија цените без договор се 739, 849 и 959 евра за „iPhone 6s“ и 849, 959 и 1069 евра за „iPhone 6s Plus“. Прелиминарните нарачки почнуваат на 12 септември, а продажбата стартува на 25 септември. Ова се однесува за избраните земји, а до крајот на годината телефоните ќе достигнат до над 130 земји и 400 оператори (најверојатно и Македонија). iOS 9 ќе може да се симне од 16 септември.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/cSTEB8cdQwo[/embed]