(ВИДЕО) Артан Груби се скара со новинар, бараше и доби извинување
Објавено во: Македонија 08 Март, 2023
Првиот вицепремиер Артан Груби денеска се скара со новинарот Миомир Серафиновиќ од Телма.
Тој му посочи дека „забегал“ со одговорот на прашањето, а Груби погрешно го протолкува изразот.
„Нема да ви одговорам додека не се извините. Треба да реагира ЗНМ за ваквото однесување што е многу навредливо и неприфатливо“, рече Груби.
Серафиновиќ потоа се извини и кажа дека тој збор различно се толкува на албански и македонски јазик.
„Не ми беше намерата во тој контекст“, рече тој.
Новинарот го праша Груби дали го познава Бранислав Димитријевиќ, македонски државјанин под истрага на ерменското обвинителство, Димитријевиќ бил на позиција тим лидер за француско-шпанскиот конзорциум „Савеж-Ептиса“. Информацијата ја потврди и ерменското обвинителство.„Ептиса го демантираше тоа, никогаш не бил ангажиран ниту дел од компанијата, ако имате информации доставете ги во ЈО и нека постапат институциите“, одговори Груби.
Груби доби критики затоа што вчера објави фотографии како со министрите од ДУИ играат фудбал во канцеларија. Тој објасни дека нема ништо неморално и дека тоа не било во работно време.
фото Фејсбук