(ВИДЕО) Авион не може да слета откако му експлодираа двете гуми
Објавено во: Свет 21 Август, 2018
Авион во САД се обидува да слета на аеродром затоа што останал без двете тркала, јавуваат американските медиуми.
Двете гуми на тркалата на леталото експлодирале при полетувањето, а авионот сега кружи над аеродромот „Вестфилд Барнс“ во Масачусетс и се подготвува за принудно слетување. Се работи за авионот „голфстрим“, кој главно се користи за приватни и бизнис-летови, а во него има 16 луѓе.
Авионот на летот за Лондон полетал во 10.50 часот по локално време од аеродромот „Тетерборо“ во Њу Џерси.