(ВИДЕО) БЕБЕ ПРЕЖИВЕА ЗЕМЈОТРЕС: Најдено е под урнатини во џамија
Објавено во: Свет 07 Август, 2018
Бебе е најдено во урнатини на една џамија по силниот земјотрес кој го погоди островот Ломбок во Индонезија.
Десетмесечното бебе Рефи преживеа, а неговото здравје будно го следат лекарите.
Од урнатините извлечен е и еден возрасен човек.
Земјотресот од 6.9 степени се случил кога во џамијата имало молитва.
По земјотресот 20.000 луѓе се во засолништа, а многу спијат под ведро небо.
Во земјотресот загинаа 104 луѓе, а повредени се над 200.