13 Мај, 2024
0.0277

(ВИДЕО) БЕСНИОТ УРАГАН ДОРИЈАН ЈА УНИШТУВА АМЕРИКА: Дете е првата жртва

Објавено во: Свет 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Малиот Лачино Мкитнош кој има седум години и е од Абакос на Бахамите, е прва жртва на ураганот Доријан во САД.

Малиот се удавил додека со семејството се обидувал да се евакуира на безбедно.

Ситуацијата да биде уште полоша, и неговата сестра исчезнала од бурата.

Гувернерите на сојузните држави на САД, Џорџија и Јужна Каролина, наредиле евакуација на населението поради ураганот Доријан кој им се приближува на тие земји.

Гувернерот на американската сојузна држава Џорџија Брајан Кемп наредил задолжителна евакуација на жителите на неколку окрузи.


Се работи за окрузите Глин, Чатам, Либерти, Камден, Макинтош и Брајан, а наредбата е на сила од понеделник, соопштил неговиот кабинет.

Кемп и негoвите претставници ќе одржат бројни состаноци во понеделникот почнувајќи од рано утрото во Савана.

Училиштата долж брегот најавиле дека ќе бидат затворени поради приближувањето на ураганот Доријан. Се очекува бурата да се пресели северно од брегот, а Џорџија уште утре би можела да се најде на мета на ураганот.

Сериозна евакуација наредил и гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер и тоа за целиот брег, што значи евакуација на 830 000 жители, пренесе АП.

-Не можеме сите да ги задоволиме, но верувам дека можеме да помогнеме сите да преживеат-рекол Мекмастер.

И властите на Флорида наредиле задолжителна евакуација во некои загрозени крајбрежни делови.

Ураганот Доријан, кој е прогласен за ураган од петта најсилна категорија, дошол до копно на Елбов Кеј, на островот Албако во неделата околу 13 часот.

Властите на Албака пријавиле „катастрофални услови“, а ги фатила бура од 5,5 до 7 метри.

Жителите на Албака и Големите Бахамски острови пријавија дека куќите им се поплавени и крововите им се оштетени.


Можеби ќе ве интересира

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

ТОМИСЛАВ И АЛЕКСАНДРА ОТИШЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЕГА НЕМААТ НИ ЗА ЛЕБ: Со месеци без приходи поради еден документ

ТОМИСЛАВ И АЛЕКСАНДРА ОТИШЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЕГА НЕМААТ НИ ЗА ЛЕБ: Со месеци без приходи поради еден документ

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД