(ВИДЕО) Би купиле ли ултра нацистички бункер од Втора светска војна?
Објавено во: Свет 12 Април, 2018
Ако сакате да избегате од сѐ, но на малку пострашно место, тогаш ова е предлог за вас-поранешен нацистички бункер.
Како сцена од филм, букнерот е опкружен со природа.
Овој спомен на едно страшно време се наоѓа во Неринга, Литванија. Изграден во 1939 година, од страна на германските фашисти буди лоши спомени.
„ Откако граничните чувари го напуштија емстото пред 25 години, никој ништо не направил повеќе таму, кажа историчарот Јури Мелков за Ruptly. „ Таму имаше нехигиенски услови. Се сеќавам дека кога отидов таму сѐ беше напуштено“, додава тој.
Бункерот има 10ина соби, под и над земјата. Областа е обрасната со дрвја и мов, додека пак ѕидовите на бункерот се обложени со графити.
Локалните власти изјавија дека бункерот ќе биде продаден набрзо.
Литванската влада соопшти дека не може да си дозволи да ја задржи, а се надеваат дека приватните инвеститори ќе можат да ја обноват историската локација.
извор: RT