(ВИДЕО) БОГАТИТЕ ГИ КУПУВААТ: Ова се европските луксузни бункери за преживување
Објавено во: Свет 02 Февруари, 2019
Богатите луѓе купуваат луксузни бункери под земја за преживување.
Сето ова го има во Европа. Тие се отпорни на бомби. Компанијата која стои зад изградбата на овој комплекс, Вивос, вели дека објектите се за „заштита на високовредни поединци“ во случај на апокалипса во која милиони луѓе ќе исчезнат или ќе се борат за опстанок.
„Ова е за богати луѓе кои ќе се згрижат од катастрофални сценарија, но заедничката тема меѓу нив е страв од граѓански немири, страв од исчезнување“, вели новинарката Лин Парамор.
Најголемиот објект, именуван како „Европа1“ е во Германија и претставува еден од масивните подземни засолништа за опстанок на Земјата, изграден длабоко под планина.