(ВИДЕО) Цунами им однесе пет животи
Објавено во: Свет 29 Септември, 2018
По цунамито кое ги погоди градовите Палу и Донгала, во Индонезија, медиумите од земјата јавуваат дека засега се пријавени петмина загинати. Неколку десетици луѓе се водат како исчезнати.
Брановите од цунамито уништија многу куќи, а на брегот исфрлија и еден брод. Во прекин се телефонските линии, а на одредени места нема струја.
Два силни земјотреси вчера ја зафатија земјата.Во серијата потреси во јули и август на туристичкиот остров Ломбок загинаа речиси 500 луѓе, стотина километри југозападно од Сулвези. Индонезија се наоѓа на работ од Пацифички огнен прстен, најсеизмички активното подрачје на планетата и често е погодувана од земјотреси. Големиот земјотрес кој се случи крај северниот индонезиски остров Суматра во 2004 година подигна цунами кој ширум Индискиот Океан однесе 226.000 животи во 13 држави, а меѓу нив настрадаа 120.000 луѓе во Индонезија.