(ВИДЕО) Дали би купиле цело село во Канада за 2 милиони долари?
Објавено во: Финансии, Стил 04 Јануари, 2017
Канадско село кое се наоѓа северно на еден час од Монтреал, може да биде ваше за 2 милиони долари, но има една замка.
Од 45 згради во селото кое се вика Кандијана, само една е погодна за живеење, а другите се дел од сценографија.
Селото е туристичка атракција и посетува на 19 век.
Порано имало и по 30.000 посетители годишно.
Интересот е голем затоа што селото било дел од 100 филмови.
Сопствениците сакаат да го купи селото некој кој ќе го одржува, ќе се грижи за 20 куќи, црквата, гробиштата, мостот, воденицата.