(ВИДЕО) Деца загинаа откако се преврте автобус
Објавено во: Свет 03 Февруари, 2019
Страотна несреќа се случи во Русија.
Седум лица загинаа, а меѓу нив има и четири деца. Тие загинаа откако се преврте автобусот во близина на градот Калуга во Русија, кој се наоѓа околу 150 километри од Москва, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.
ТАСС објави дека во автобусот имало 20 патници, а тој се превретел од патот.
Не се познати причините за несреќата.