(ВИДЕО) ДОДИК СТИГНА, ВУЧИЌ УШТЕ НЕ: Во Албанија ги дочекаа со протест и судири со полицијата
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2019
Протест и судир со полицијата се случи попладнево во Тирана.
Движењето „Самоопределување“ за Албанија, вечерва на плоштадот „Народни херои“ протестира поради доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.
Во обидот да го пробијат полицискиот кордон и да продолжат кон хотелот „Шератон“ каде се сместени учесниците на состанокот на лидерите на земјите во Процесот „Брдо-Бриони“, дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, а има и полесно повредени.
Полицијата ги демантира тврдењата на претставниците на Движењето „Самоопределување“ дека добиле дозвола за одржување на протестот.
Учеснците во протестот ја обвинија полицијата дека „е на страна на Србите“, извикувајќи „Вучиќ и Додик надвор од Албанија“.
Вучиќ уште не стигнал во Тирана, додека Додик по пристигнувањето кусо изјави дека „не го импресионирале протестите на кои се прогласува за непожелна личност во Албанија“.