(ВИДЕО) ДВЕ ЖРТВИ ВО ХРВАТСКА: Загина девојче, но и младо момче
Објавено во: Балкан 29 Декември, 2020
Засега се знае за две жртви по силниот земјотрес од 6.2 степени во Хрватска.
Во Петриња загинало 12-годишно девојче и 20-годишно момче во близина на гратчето Глина.
„Почина 20-годишно момче од Мајске Полјане, куќата му се урна врз него“, потврди за 24сата заменик-градоначалникот на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ.
Најмалку 20 лица се повредени во Сисак, од кои две потешко. Првите сцени од Петриња се ужасни, половина град е уништен.
„Девојче загина во Петриња“, потврди градоначалникот Даринко Думбовиќ.
Татко и дете се извлечени од катна станбена зграда и со возило на брза помош биле пренесени во болница. Засега е непознато со какви повреди се здобиле, но ги однеле на носила. Сеизмологот Крешимир Кук изјави дека земјотресот помеѓу Сисак и Петриња бил со јачина од 6,2 степени и дека ослободената енергија е околу триесет пати посилна од онаа што се случила во март во Загреб. Говорејќи за телевизијата Н1, Кук рече дека земјотресот не е изненадувачки и додаде дека тие веруваат дека ова е најсилниот удар. Во текот на денот се стресе и Италија.