(ВИДЕО) ЕГЗОТИЧНИТЕ ОСТРОВИ СЕ УНИШТЕНИ: Ураганот Марија корнеше се пред себе
Објавено во: Свет 21 Септември, 2017
Ураганот Марија корнеше дрвја, покриви, а донесе и дожд од најмалку 50 цм по што улиците личеа на реки.
Пустош остана во Порторико, а илјадници луѓе бараа засолниште.
Целиот остров е без струја, поради што може да има голема финансиска катастрофа.
Властите соопштија дека над 11.000 луѓе биле во засолништа.
Градоначалничката на Сан Хуан, Кармен Јулин Круз плачеше додека говореше за уништениот остров.
„Многу делови од градот се целосно поплавени“ - рече таа.
Се смета дека ова е најстрашно невреме за период од еден век.
Претходно ураганот Марија на Карибските острови однесе 9 животи.