07 Мај, 2024
0.0258

(ВИДЕО) Експертите од Машинскиот факултет со решение како да се повлече аболицијата од Иванов

Објавено во: Стил 17 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Експертите од Машинскиот факултет конечно го пронајдоа решението за тоа како да се повлече аболицијата од претседателот Иванов, мерка што исклучително многу му се допадна на публиката. За што се работи, дознајте од новите „Фчерашни новости“.

Новата, четврта по ред епизода на хумористичната емисија е една од најдобрите досега. Овојпат со многу повеќе прилози од обично, погледнете што ви подготви целиот тим на „Фчерашни“.

Епизода бр.4

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/0R1Eq9vf6LU[/embed]

Следната епизода, пак, веќе се снима . Сите фотографии и тизери од снимањата може да ги погледнете на

Фејсбук:  https://www.facebook.com/FcerasniNovosti/

Инстаграм: https://www.instagram.com/fcerasninovosti/

„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од БранкоОгњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.

Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.

„Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.