(ШОК СНИМКИ) ЕКСПЛОЗИЈА НА БЕНЗИНСКА ПУМПА КАЈ ЛОЗНИЦА: Се стравува за загинати
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2019
Силна експлозија се случила околу 10:40 часот на бензинска станица „Нешковиќ“, недалеку од граничниот премин Трбушница помеѓу Србија и БиХ на босанската страна, пренесуваат медиумите од регионот.
Според неофицијални информации има настрадани, најмалку едно лице загинало, а седум или осум се повредени. Од силната детонација скоро целата пумпа е уништена како и најмалку два автомобила.
Според неофицијални информации, на несреќата и претходел судир на две возила од кои едното удрило во диспензерот за бензин што почнало да тече гас, а потоа по неколку минути се слушнала детонација во Лозница од другата страна на Дрина.
На лице место пристигнале бројни полициски возила, пожарникари и итна помош од Бијелина, но и Лозница па некои повредени веднаш се превезени во здравствените установи.
Полицијата го запрела сообраќајот на патот Зворник - Бијелина бидејќи се стравува од нови детонации.
Фото: Фејсбук