(ВИДЕО) ЕРДОГАН ЗА CNN: Не заведувам диктатура, можам да умрам во било кој момент!
Објавено во: Балкан 19 Април, 2017
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјавил во интервју за CNN дека уставните реформи не значат премин на диктатура, демантирајќи ги наводите дека тој нов систем е „како скроен за него“.
„Тоа не е систем кој му припаѓа на Ердоган. Јас сум смртно битие, можам да умрам во било кој момент“, рекол Ердоган и ги отфрлил обвинувањата дека ги поддржал измените од желба да ја зајакне својата моќ, а не да го унапреди политичкиот систем на Турција.
„Системот претставува промена, трансформација на демократска историја на Турција“, рекол тој во интервју дадено во вторникот на Беки Андерсон во претседателската палата во Анкара. Тоа, како напоменува CNN, е прво интервју кое Ердоган го дал после референдумот.
My exclusive interview with #Turkey's President #Erdogan who says controversial reforms do not make him a dictator https://t.co/nxF7pHP6ul pic.twitter.com/LhZ1JbQdm0
— Becky Anderson (@BeckyCNN) April 19, 2017
„Вистина, промените се големи. Но тоа не значи дека ќе станам диктатор. Таму каде е диктатура нема претседателски систем. А ова што го видовте во неделата се вика демократија. Јас тоа го викам волја на народот“, рекол Ердоган и кажал дека е „инаку фудбалер“ и затоа со „спортски жаргон ќе ја објасни моменталната ситуација“.
„Нема врска дали победиш 1-0 или 5-0, победа е победа“, рекол тој.
На прашањето за односите на Турција и Европската унија, Ердоган потсети дека Анкара „цели 54 години стои пред вратите на ЕУ“.
„Од политичко гледиште, тоа едноставно не е подносливо. Се обидовме да ги исполниме сите нивни барања, но тие не ги одржаа своите ветувања. Ако ја променат политиката кон Турција, тогаш повторно можеме да седнеме на маса и да видиме што уште може да се направи“, рекол Ердоган и изразил задоволство што му стигнала честитка од американскиот претседател Доналд Трамп по повод резултатот од референдумот.