05 Мај, 2024
0.0236

(ВИДЕО) Фејсбук промени: Наместо профилна фотографија, ставете кратко видео

Објавено во: Стил 03 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Популарната социјална мрежа Фејсбук, најави нови измени. Компанијата планира наместо слика, корисникот да може да прикачи кусо видео од седум секунди, видливо за секој што ќе го посети профилот.

„Светот се промени откако ги воведовме профилите во 2004 година. Се повеќе луѓе создаваат видеа, повеќе од кога и да е порано. Почнавме да го тестираме следниот чекор во очигледната еволуција на профилите – профилните видеа. Наскоро, ќе можете да снимите краток филм, кој ќе се пушта и ќе „врти“ кога некој го гледа вашиот профил. Овие видеа ќе ви дозволат да прикажете дел од себе кој не можевте да го прикажете претходно и тие ќе му дадат нова димензија на вашиот профил“, објаснува Фејсбук.

Друг новитет на Фејсбук е поставување на привремена верзија на профилната слика, која по одредено време се менува со старата.

Фејсбук најавува и можност да изберете пет фотографии кои ќе се прикажуваат на врвот на вашиот профил.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=JHX1xxykT8M[/embed]