06 Мај, 2024
0.0247

(ВИДЕО-ФОТО) ИСПОВЕД НА ЧОВЕКОТ ЧИЈ ФРИЖИДЕР ЈА ЗАПАЛИ КУЛАТА ВО ЛОНДОН: Во шок сум, ме прогонува пожарот и смртта на моите соседи

Објавено во: Свет 16 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Таксистот од Етиопија Бехаи Кебеде (44), чиј расипан фирижидер наводно го предизвикал пожарот во облакодерот во Лондон, каде загинаа најмалку 17 луѓе, изјавил дека е потресен од трагедијата која засекогаш ќе го прогонува.

Според последни информации на британски медиуми, во пожарот во кулата загинале 30 луѓе.


Кебеде, кој има едно дете живеел на четврт кат. Во моментите  на несреќата спиел. Го разбудил силен тресок-нешто се случило во комбинираниот фижидер и замрзнувач. Станал и видел искри од фрижидерот, па веднаш го вклучил противпожарниот аларм. Кога во видел пламенот, веднаш излетал и ги алармирал соседите. Така спасил стотина животи.


„Контактирал со полицијата и се им објаснил. Тој е во страшен шок. Ми рече дека видел чад и веднаш почнал да им тропа на врата на соседите. Го прогонува тоа што го видел“, раскажува еден негов пријател за „Мирор“.

Кебеде живее во кулата Гренфел од 1990 кога дошол со двајцата помали браќа и побарал азил. Неговите пријатели раскажуваат дека не може да ја надмине оваа трагедија.

„Живееше тука со години и не може да се носи со несреќата бидејќи ги познавал повеќето настрадани и исчезнати. Раскажува за девојчето кое го познава и колегата таксист кој не го слушнал ниту видел од пожарот, а потоа се „скршува“. Не ни помислувал дека целата зграда ќе биде уништена и дека толку луѓе ќе настрадаат. Често повторува: „Луѓе загинаа, не можам да поднесам“. Се криви себе си иако е свесен дека ништо не можел да направи“, раскажува неименуван пријател на Кебеде.

„Беше точно 00.50 часот кога слушнав дека некој тропа на врата. Спиев цврсто, но тропањето ме разбуди. Ја видов торбата со негови работи пред станот. Бидејќи ја оставил вратата отворена, видов дека гори во кујната. Пожарот не беше силен, но не го слушнав алармот“, раскажува неговата прва сосетка Мериа Адам за британски „Сан“.


Пожарникарите во  00.54 добиле дојава за пожарот и стигнале за само шест минути, но огнената стихија брзо се ширела.

Есте Мерид, другиот пријател на Кебеде, вели дека тој не е во состојба да разговара со никој. Меѓудругото, полицијата му рекла да не зборува за детали околу несреќата бидејќи истрагата е во тек. Новинарот на Сан го повикал телефонски, но Кебеде само кратко рекол: „Не можам ништо да кажам, презафатен сум моментално. Довидување“.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук