(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови
Објавено во: Свет 24 Април, 2024
Украински дронови се пробија до неколку области во Русија. Гори рафинерија по напад со дрон.
Украински беспилотни летала погодија нафтена рафинерија во Воронежската област и „индустриска зона“ во Липецка област, според руските новински канали на Телеграм.
Александар Гусев, гувернерот на областа, објави дека рускиот систем за противвоздушна одбрана соборил четири украински беспилотни летала над областа.
Нападот со дрон е снимен и во регионот Липецк. Како што кажа Игор Артаманов, локалниот гувернер, дронот паднал „во индустриската зона на регионот Липецк“.Киев Индипендент објави дека претходно избувнал пожар во енергетски и нафтени постројки во руската област Смоленск по напад на украински беспилотни летала. Веста ја потврди Василиј Анохин, гувернерот на таа област. Жртви нема. Украина редовно со дронови ги напаѓа руските рафинерии. Руската инвазија на Украина почна пред две години и два месеци.
A refinery in #Voronezh region is also burning beautifully pic.twitter.com/aAaoKVx7PY