(ВИДЕО) Гром удри во автомобил, еве ги реакциите
Објавено во: Свет 28 Март, 2017
На социјалните мрежи се појави снимка во која се гледа како гром удри во автомобил.
Автомобилот се движи на фреквентна улица, по што гром удира во него, но возачот продолжува да вози.
Чад почнува да излегува од прозорците и од задната страна на автомобилот, а кога автомобилот ќе застане, вратата брзо се отвора и патниците и возачот излегуваат надвор.
На помош им претрчуваат случајни минувачи.
За еден ден видеото има 2 милиони прегледи, а не се знае каде е снимено и што се случило со патниците и возачот.