(ВИДЕО) Хорор во Америка: Ајова погодена од неколку торнада одеднаш, уништени неколку градови
Објавено во: Свет 20 Јули, 2018
Aмериканската сојузна држава Ајова ја погодија неколку торнада и зад себе оставија пустош.
Најмалку 17 луѓе се повредени, а предизвикана е катастрофална штета, јавија американски медиуми.
На Интернет се објавени застрашувачки снимки од торнада, кои ги погодиле градовите Маршалтаун, Пела и Бондурант. Повредени се 10 лица во Маршалтаун и 7 во една фабрика близу Пела.
Најлошо било во Маршалтаун, град со 27 000 жители, каде торнадо корнело кровови од згради, урнало купола од зградата на судот, а оштетена е и локална болница.
Жителката Стефани Мос изјавила дека била во продавница во центарот на градот со сопругот и двомесечното бебе кога слушнале аларм за торнадо.
Се сокриле во подрум на зграда и слушнале „како пукаат ѕидовите, како да има експлозија“. Продавницата е уништена.
„Преживеавме. Среќна сум“, рекла Мос. Метеоролозите рекле дека торнадото се формирало одеднаш и ги изненадило.