(ВИДЕО) ИРМА БЕШЕ НЕМИЛОСРДНА: После 300 години никој не живее на овој туристички рај
Објавено во: Свет 16 Септември, 2017
Кога ураганот Ирма го опустоши карипскиот остров Барбуда, ова преубаво место стана целосно ненаселено. И денес, прв пат после неколку векови овде не живее ама баш никој.
„Штетата е целосна. Ова е хуманитарна катастрофа“, рекол амбасадорот на Антигва и Барбуда при ОН Роналд Сандерс.
„Прв пат во 300 години овде нема жив човек. Цивилизацијата која овде постоеше 3 века е целосно избришана“, додал тој.
Антигва и Барбуда се наоѓаат југоисточно од Порторико каде се среќаваат Атлантскиот океан и Карпиското море.
Суверена држава станале во 1981 година како дел од британскиот комонвелт. Во јули е проценето дека на островите живеат скоро 95 илјади луѓе, а 97 отсто на Антигва.
Погледнете како изгледа денес местото кое до неодамна беше вистински туристички рај.
Повеќето жители се од христијанска вероисповед и воглавно зборуваат англиски јазик, а во најголема мера заработуваа од туризам и патувања.