(ВИДЕО) Kамери снимија како гром удри во човек - момчето преживеа
Објавено во: Свет 21 Август, 2018
Тринаесетгодишното момче Џосаја Вајдмен се шетало со пријател по паркот во Ел Мираж, во Аризона, кога во него удрил гром.
На снимката од надзорната камера јасно се гледа дека тинејџерот прво го осветлило светло, потоа го фрлило во воздух, а тој паднал на глава и останал да лежи.
Момчето се опорави и за медиумите раскажа што му се случило. Рекол дека само се сеќава на „ситен налет на горештина“.
Џосаја во моментон на удар на гром носел скејтборд во раката, и се верува дека токму тоа му го спасило животот, затоа што металниот оквир на скетот го „спуштил“ громот до земјам, но громот не погодил директно во него. Од падот на земја, добил потрес на мозокот, а имал и помала изгреница на ногата.