(ВИДЕО) КАТАСТРОФА: Еве што оставија земјотресот и цунамито зад себе
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2018
844 луѓе загинаа во Индонезија во земјотресот и цунамито.
Потрагата по исчезнатите лица продолжува и денеска.
Властите ќе започнат со погребување на жртвите во масовни гробници поради страв од заразни болести. Се смета дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.
Индонезискиот претседател Џоко Видодо, кој вчера го посети островот Сулавеси, им порача на спасувачките екипи деноноќно да работат за да им помогнат на загрозените.
Земјотресот со јачина од 7,5 степени предизвика цунами во петок вечер.
Катастрофалните последици од земјотресот се снимени со дрон.