06 Мај, 2024
0.0228

(ВИДЕО) „Кеплер“ откри „братучед на Земјата“ во соѕвездието Лебед

Објавено во: Стил 24 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Мисијата на вселенскиот телескоп „Кеплер“ потврди дека околу ѕвезда слична на Сонцето, постои екстрасоларните планети, која најмногу личи основните параметри на Земјата, соопштија на прес-конференцијата од „NASA“.

Новооткриената планета е наречена „Kepler-452b“ и е со 60% поголем дијаметар од оној на Земјата. И иако масата и нејзиниот состав се уште не се одредени, претходните истражувања им даваат повод на научниците да веруваат дека постои голема шанса таа да е карпеста.

„Kepler-452b“ се наоѓа на 1400 светлосни години од Земјата во соѕвездието Лебед.

Таа орбитира околу 385 дена околу ѕвездата „Kepler-452“. Орбитата нејзина е со 5% подолга од онаа на Земјата, а растојанието до ѕвездата е со 5% поголемо од тоа меѓу нашата планета и Сонцето.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/G_zcEgx1IgQ[/embed]

„Kepler-452“ е на околу 6 милијарди години, односно е со 1.5 милијарди години постара од нашето сонце. Таа е со истата температура, но е со 10% поголем дијаметар и со 20% посветла. Претпоставката е дека може да има планета со услови слични на земните, постоечка со 1.5 милијарди години подолго од Земјата, создава возбудлива можност таму исто така да се развил живот, коментираат од „NASA“.

Телескопот „Кеплер“ открил над 1030 планети од 2009 година до сега, но според „НАСА“ ова е најзначајното откритие досега. Според геолозите е можно да има активни вулкани на „Kepler-452b“, а според Џон Џенкинс е сосема можно растенија да фотосинтезират на површината на планетата.

„На 20-годишнината од откритието, докажано е дека и околу другите сонца има планети, апаратот за истражување на екстрасоларни планети „Кеплер“ откри планета и ѕвезда, кои најмногу личат на Земјата и нашето Сонце. Ова е исклучителен резултат кој не приближува со уште еден чекор до откривањето на Земјата 2,0 и до одговор на прашањето сами ли сме“, објави раководителот на научната програма на „NASA“ Џон Грансфелд, помошник администратор во научниот оддел на „NASA“ на пресконференција. Според него откритието е потврдено од телескопот „Хабл“ и неколку опсерватории на Земјата.

планета 1