29 Април, 2024
0.0323

(ВИДЕО) ЌЕ ГО ПРОДАДЕ ИЛИ ЌЕ СЕ ВОЗИ ВО НЕГО: Што ќе прави Заев со „мерцедесот“ од 600 илјади евра

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев не планира да се вози во скапиот „Мерцедес“ кој што го купи претходната власт на Никола Груевски.

Во вчерашното интервју со новинари од неколку национални медиуми на националниот сервис на МРТ, лидерот на СДСМ рече дека нема намера да го вози „мерцедесот“, ниту пак има намера да го даде на некој од министрите.

„Ако го продадеме 585 илјади е набавната цена, веројатно е дека не можеме повеќе од 400 илјади евра да земеме, при што тука би изгубиле огромни пари.

Веројатно ќе донесеме одлука да го користат само меѓународни делегации кои што ја посетуваат Македонија. Делегации од највисоко ниво и ќе биде само за нивни потреби“, рече премиерот Заев.

Заев откри дека имало идеи мерцедесот да се даде на домот без родители, но поради сериозноста во постапката со државен имот мора да биде сериозно сфатена .

„Жално е тоа што слушнавме информации дека откако се отвори темата за „мерцедесот“ тој е оставен во една гаража, без да биде покриен, па изгребан е од мачки, па уништен делот од внатрешниот дел . Верувам дека министерот за внатрешни работи Спасовски ќе ве повика вас од медиумите на показ да го видите во каква состојба го затекнуваме, но намерата е мерцедесот да и служи на Македонија во функција на високите делегации во кои што меѓудругото се надевам дека ќе создадеме попријатна атмосфера да бидат уште попријателски настроени кон нашата земја во процесот на Македонија кој што ни претстои“, рече премиерот.


За „мерцедесот“ на Груевски од 600.000 евра СЈО ја покрена постапката „Тенк“

Во случајот „Тенк“, како што наведуваат од СЈО во соопштението, осомничени се две лица кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а „за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер“ (Никола Груевски, н.з.) за набавка на „специјално возило“.

„Во конкретниот случај, постои основано сомнение дека за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење јавни набавки, незаконски да повласти, односно да фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип“, стои во соопштението од СЈО.

Оттаму, додаваат дека „во услови на намалена економска и куповна моќ на Министерството, било постапено спротивно на Законот за јавните набавки“ и била фаворизирана една фирма со тоа што во тендерската документација биле наведени повеќе технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство и трговски марки, односно на конкретен тип на автомобил.

„Постои основано сомневање дека второосомничениот во постапката за јавна набавка иако бил свесен за незаконското привилегирање на определен економски оператор, сепак донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор за јавна набавка на возило за износ од 29.852.542 денари и ДДВ во износ од 5.373.458 денари или околу 572.780 евра“, се појаснува во соопштението на СЈО.

ШТО СЛУШНАВМЕ ОД „БОМБИТЕ“

Јанкуловска: Овие од Мерцедес викаат - ваква кола не сме продале во Југоисточна Европа!

„Желбата за луксуз на Никола Груевски одела до таму што од парите на граѓаните со порачал луксузен мерцедес со масажери и останата фул опрема во износ од 600.000 евра, каков што нема во Југоисточна Европа“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев при објавата на аудио снимките во кои Јанкуловска, екс министерката на МВР раскажува за автомобилот кој има „триста чуда“ во него.

 „Тој самиот вели дека автомобилот ќе го користи на пат кога има дестинации кога нема куп новинари. Мерцедесот чини безмалку 600 илјади евра, а Јанкулоска била задолжена за местење на јавната набавка со Јанкулоска“, рече Зоран Заев, откривајќи како течела постапката за купување на мерцедесот.

„Како авион да возиш, немам видено до сега такво нешто. И овие од Мерцедес викаат ваква кола не сме продале во Југоисточна Европа – вели Јанкулоска.

Клима, масажери, чуда…Нема поубава кола во Македонија“, му го опишува возилото Јанкулоска на Сашо Мијалков.


И.С.

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево