02 Мај, 2024
0.0265

(ВИДЕО) Климата во автомобилите на возачите може да им влијае како алкохол

Објавено во: Стил 23 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Иако е голема горешина во текот на возењето климата е опасна, бидејќи неправилната употреба може да создаде големи проблеми.

Ангел Суарез, инжиниер во Сеат техничкиот центар, раскажува дека најголемата опасност се заканува од непроверување на автомобилот пред да ја уклучите климата во него. Опасноста може да биде поголема, и затоа ова е најголемата грешка на возачите.

„Триесет секунди пред пуштање на климата, потребно е да ги отворите прозорите, или вратата, со што би излегла топлината од автомобилот“ тврди Суарез. Тој советува температурата да не се мести под 21 степен, со што потрошувачката на гориво не би се зголемила.

Саурез предупредува дека високите температури може негативно да влијаат на возачките способности. „Кога температурата во автомобилот е 35 степени, возачот реагира 20 посто побавно отколку на 25 степени. Возачот во овие околности реагира како да има 0,5 промили алкохол во крвта“, раскажува Суарез.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/8Me0kbd_yZE[/embed]