(ВИДЕО) КОЈ Е МОТИВОТ: Нападнати свештеници во Техеран
Објавено во: Свет 15 Јули, 2017
Повеќе од 15 луѓе се повредени денеска кога маж со нож нападна свештеници во метро на станицата Реј во предградие на Техеран, јавија ирански медиуми.
По нападот, патници се судриле со напаѓачот и полицијата била принудена да отвори оган за да го уапси напаѓачот. Патниците се здобиле со повреди од нож и од куршуми.
Неидентификуван маж го нападнал свештеникот во нож и повредил друг човек, изјави заменик гувернерот на областа Шар е-Реј во јужен Техеран, Хади Тамиди.
Во извештаите се вели дека напаѓачот нападнал и други луѓе кои се обиделе да му помогнат на свештеникот. Полицијата го застрелала и го повредила напаѓачот кој подоцна починал од повредите. Хамиди вели дека напаѓачот бил ментално вознемирен, а полицијата соопшти дека го истражува случајот.