15 Мај, 2024
0.0335

(ВИДЕО) Кучето од Бојко се појави во календарот на Путин за 2016 

Објавено во: Стил 28 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Сакате да ја поминете целата година со Владимир Путин, но се прашувате како? Е, сега имате шанса. Ви го претставуваме „Календарот на Путин за 2016 година“, пишува „Дејли Меил“. На него рускиот претседател е прикажан со слика за секој месец од годината. Може да сте со Путин на риболов, на тренинг или политички средби . Освен со сликите, вие ќе се здобиете и со желби лично од лидерот на Русија.

На пример, во март Путин упатува желби со цвет во рака специјално за руските жени, кои ги нарекува „најталентираните и најубавите“. На една од фотографиите Путин го прегрнал кучето Бафи, кое му е подарено од бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на посетата на Путин во Софија во 2010 година.

Двајцата го украсуваат месецот ноември. А текстот до сликата гласи: „Ние со кучињата секогаш сме покажуваат многу топли взаемни чувства“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/3bdBmdo1AWQ[/embed]