05 Мај, 2024
0.0573

(ВИДЕО) „Live“ опцијата на Фејсбук беше достапна само за познатите, наскоро ќе биде и за вас!

Објавено во: Стил 04 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

„Live streaming“ на Фејсбук веќе не е резервиран само за познатите личности, бидејќи оваа социјална мрежа споменатата опција ја прошири и на обичните корисници. Засега таа е достапна за мал број корисници на Ајфон во Америка, но многу брзо ќе се појави и кај сите останати луѓе ширум светот.

Новата функција официјално се вика „Live“ а таа ќе се појавува како “Live Video” опција во полето во кое пишуваме нови статуси. На секој пренос во живо е можно да се додаде наслов, а кога тој почне секој кој гледа ќе може да остава коментари во реално време.

Facebook-Live1

Кога заврши преносот, видео снимката ќе остане зачувана на вашиот профил.

Фејсбук исто така тестира нов изглед на статус менито кое ќе исфрла “drop-down” мени кога корисник кликне на него, а во кое ќе бидат и понудените работи кои луѓето ќе може да ги споделуваат со своите пријатели.4

Facebook-aplikacija (1)

Погледнете го видеото тука:

 
Posted by Facebook on среда, 2 декември 2015