05 Мај, 2024
0.0226

(ВИДЕО) Microsoft ја покажа позадинската слика на Windows 10

Објавено во: Стил 25 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Помалку од еден месец останува до почетокот на ширењето на финалната верзија на „Windows 10“ со што „Microsoft“ продолжува да открива детали за платформата.

Уште една информација која е поврзана со стандардната слика што ќе ја краси позадината на работната површина и ќе пречека милиони корисници по инсталацијата на платформата за прв пат.

Веројатно повеќето ќе ја менуваат со друга, но сепак е интересно да видиме што е подготвено од компанијата.

Изгледа дека сликата и не е толку интересна како што можеби сте очекувале. Таа содржи сина позадина со логото на „Windows 10“, кој според описот е создаден од проектори, машини за чад, филтери во боја и кристален прав.

Во создавањето на инсталацијата за снимањето на овој кадар учествувал графичкиот дизајнер Бредли Мунковиц (познат и како GMUNK), а видеото покажува дека сликата едвај изгледа евтино.

Што ќе кажете?

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/hL8BBOwupcI[/embed]