(ВИДЕО) MИЛИОНИ ГЛАДУВААТ: Ваква суша не виделе еден век
Објавено во: Свет 17 Мај, 2019
Милиони луѓе во Северна Кореја гладуваат.
Северна Кореја е погодена од најлошата суша во последните 100 години.
Ова им се случува откако од јануари до средината на мај наврнале само 56,3 милиметри врнежи, што е најниското ниво од 1917 година.
Сушата веќе има „прилично силно влијание врз одгледувањето на пченицата, хмељот, пченката, компирот и гравот“. Се прогнозира дека до крајот на месецот ќе заврне само уште два пати, што е недоволно за свртување на настанатиот тренд.
Производството на храна во Северна Кореја паднало на најниско ниво во девет години, оставајќи десет милиони луѓе во опасност од глад.
Во извештајот е објавено дека во некои рурални делови 43 отсто од луѓето се потхранети, а едно од пет деца има забавен раст бидејќи нема доволно храна.
Јужна Кореја одговори дека е подготвена повторно хуманитарно да им помага на отуѓените северни соседи.