(ВИДЕО) Министер му удри шлаканица на пратеник
Објавено во: Балкан 24 Декември, 2019
Кавга во парламентот заврши со шлаканица. Во Бања Лука имаше бурна седница на Народното собрание на РС, за Програмата на реформите на Босна и Херцеговина која вчера беше предадена во седиштето на НАТО во Брисел.
По повеќечасовна кавга меѓу претставниците на опозицијата и власта зад говорницата застанал министерот за внатрешни работи Драган Лукаќ.
Тој, јавуваат медиумите, му се заканувал на застапникот на ПДП, Драшко Станивуковиќ дека повеќе не смее да носи знаме од НАТО во собраниските простории.
„Инаку ќе завршиш како што завршија знамињата пред малку“, рекол Лукаќ алудирајчи на фактот дека знамињата на НАТО еден час пред неговиот говор биле искинати пред говорницата.
После тоа застапникот Станивуковиќ го прашал министерот на кој начин тој ќе заврши и се упатил кон говорницата. Кога му пришол, Лукаќ прво во лице му фрлил неколку хартии, а потоа му удрил и шлаканица.
Видео и фото: Блиц