05 Мај, 2024
0.0234

(ВИДЕО) Мистерија на забранетата шума во која умреле повеќе од 300 илјади луѓе: Ни денес никој таму не смее да стапне!

Објавено во: Стил 25 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Една од битките во Првата светска војна останала врежана во сеќавањето на цела Европа. Станува збор за Верденската битка во која загинале дури 300 илјади луѓе, а околу пола милиони биле повредени.

Последиците на борбата во тој дел во Франција се видливи и денес. Во шумата, во која се одвивале борбени дејства, и денес е забрането да се влезе бидејќи тлото и понатаму е токсично и преполно со неексплодирани бомби.

Bitka-za-Verdum-6

За Првата светска војна, посебно за борбите на Западниот фронт, било карактеристично позиционо, рововоско војување бидејќи ниедна од страните не можела да оствари стратешка офанзива. Таков случај бил и во Верден, каде се судриле Германија и Франција.

На еден од ѕидовите на меморијалниот комплекс во Верден стои написот „300 дена , 40 милиони гранати, 300 000 мртви“.

Bitka-za-Verdum-5

Верден станал синоним за страшни рововски војни на Западниот фронт во период од 1914 до 1918 година, и на огромни човечки жртви.

Целата битка, со своите загуби и разорувања, се одвивала на подрачје широко околу 40 км, што со битката за Сталинград ја прави најдеструктивно боиште во историјата.

Bitka-za-Verdum-2

Денес на тоа тло се наоѓа меморијален комплекс кое на највпечатлив начин го пренесува споменот на битката и војниците кои во неа се бореле.

Што се однесува до самата битка, Верден е многу лошо бранет бидјеќи француската артлиерија била тргната од локалните тврдини. Сепак, добри разузнавачки податоци и лошото време, кое го одложило германскиот напад иМ овозможиле на Французите да достигнат на брзина две дивизии во Верден.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/y79-PJt-YzE[/embed]

Битката почнала на 21 февруари со бомбардирање кое траело девет часа. Исфрлени се милион гранти од 1200 топови на 40 км долг фронт. После тоа следел напад на три армиски корпуси. Германците во таа битка прв пат користеле фрлачки пламени како би ги исчистиле француските ровови. До 23 февруари Германците напредувале пет километри и дури после тоа француската команда ја сфатила сериозноста на нападот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/H8bnTVZ6Nms[/embed]

Како и толку други офанзиви на Западниот фронт Германците во текот на напредувањето ја изгубиле артилериската заштита.

Напредокот освен тоа Германците ги довел во домет француската артилерија на западниот брег на реката Меза. Секое ново напредување на германската војска станувало поскапо, бидејќи единиците на германската армија напаѓале во бранови кон југ, долж источниот брег на реката.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/4oabxoP_jVM[/embed]