(ВИДЕО) На фестивал падна платформа и повреди стотици луѓе
Објавено во: Свет 13 Август, 2018
Стар бетон и дрвена платформа се распаднале на музички фестивал во северозападна Шпанија во недела вечерта, при што стотици луѓе се повредени, а девет сериозно.
Платформата се наоѓала на брегот на морето и била полна со луѓе кои дошле да го посетат фестивалот О Марискино во градот Виго, во Галиција. Некои луѓе паднале во морето.
Градоначалникот на Вига Абел Кабалеро рече дека платформата, долга 30 метри и широка 10 метри, се срушила непосредно пред полноќ.
„Луѓето паднаа во вода, врз карпи, едни врз други, луѓето крвавеа. Беше ужасно. Луѓето врескаа и трчаа“- вели Маркос Родригез за радиото СЕР.Луѓето се повлекувале едни со други за да стасаат до брегот што е можно побрзо.
Брза помош ги згрижувала повредените, додека нуркачите го пребарувале морето за да проверат дека никој не останал „заробен“ под платформата.
Загинати нема, потврдија од полицијата.