27 Април, 2024
0.0820

(ВИДЕО) На нива го изорал ликот на Ким и напишал „опасност“

Објавено во: Стил 27 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Уметникот Дарио Гамберин од Италија на поле засеано со пченица кај Верона, направил голем портрет од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, и под него го напишал зборот - „опасност".


Тој портретот го направил со трактор и плуг, на нивата на својот татко со површина од 25.000 метри квадратни. Уметникот вели дека ликот на Ким може да се види само од птичја перспектива, пренесува ТАСС. 

„Гледаме константни тензии во односите меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг Ун, и целиот свет внимателно следи што се случува. Мојата работа претставува израз на желба проблемот да се реши по дипломатски пат, и тоа што е можно побрзо"- рекол Гамберин. 

Ова не е прв пат Гамберин да прави вакви портрети. Тој претходно направил портрети од рускиот претседател Владимир Путин, американските претседатели Доналд Трамп и Барак Обама, Папата Франциско, Фидел Кастро и Нелсон Мандела.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти