27 Април, 2024
0.0259

(ВИДЕО) Најбрзи на светот: Што вози полицијата во Дубаи?

Објавено во: Стил 07 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Ако на едно место сакате да ги видите повеќето луксузни и егзотични автомобили на денешницата, доволно е да го посетите Дубаи и да се „запознаете“ со возниот парк и неговите полициски сили.

Како што можеби и знаете, Дубаи не е само егзотична туристичка дестинација, туку и една од ретките земји во светот каде полициските сили возат автомобили кои го претставуваат самиот „крем“ на суперспортските понуди денес! Доволно е да се споменат Lamborghini Aventador, Aston Martin One-77, McLaren MP4-12C, Nissan GT-R, Mercedes-Benz SLS AMG, Audi R8, па дури и Ferrari FF!

Еден од најновите модели е и Bugatti Veyron, кој чини преку 1,5 милиони долари, а како што веројатно и повеќето знаат, способен е за само 2,5 секунди стигне до 100 км/час, додека максималната брзина му е 400 км/час!

Но, полициските сили во Дубаи во својот „арсенал“ имаат и нешто „пообични“ автомобили, како што се Ford Mustang модификуван од страна на Roush, BMW M6 GranCoupe, Bentley Continental GT, Chevrolet Camaro SS, па дури и „бруталниот“ SUV Mercedes-Benz G63 AMG!

Секако, овие автомобили не ги користат за „бркање“ по улиците, потери за криминалци и слично, туку пред се служат како фантастичен PR и маркетинг,не само полициската сила на најголемиот град на Соединетите Арапски Емирати, туку и како јасен показател е количината на богатството со кое оваа држава може да се пофали.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти