(ВИДЕО) СТРАОТНИ ГЛЕТКИ: Најмалку сто жртви во тајфунот кој ги погоди Филипините
Објавено во: Свет 16 Септември, 2018
Се проценува дека на Филипините во тајфунот Мангкут смртно настрадале можеби и повеќе од 100 луѓе, рекол градоначалникот Викторио Палангдан од градот Итогон на северот од Филипините во неделата.
Меѓу жртвите се луѓе во рударски бараки кои „исчезнале“ за време на одронот на тлото во Итогон, околу 200 км северно од Манила, рекол Палангдан.
Се претпоставува дека во бараките имало помеѓу 40 и 50 лица кога дошло до одрони, а во Итогон загинале 32 лица, додал тој.
„Не можам да го профатам тоа, но изгледа дека имка најмалку 100 жртви“, рекол тој.
Тајфунот се преселил кон Хонг Конг.