(ВИДЕО) НАЈНОВИОТ МОДЕЛ НА БОИНГ 737 се урна близу Индонезија: Најмалку 23 владини претставници дел од патниците
Објавено во: Свет 29 Октомври, 2018
Патнички авион на индонезиската компанија „Лајон ер“ кој тукушто полетал од Џакарта се урнал во море со 189 патници и членови на екипажот, соопштил претставник од министерството за сообраќај на Индонезија.
Индонезиската компанија соопштила дека целосно нов авион, кој околу 6,20 часот по локално време полетал кон Пангкал Пинанг на островот кај Суматра, превезувал 181 патник меѓу коои имало едно дете и две бебиња како и осум членови на екипажот.
Во авионот се наоѓале и најмалку 23 владини претставници кои, како што рекол портпаролот на летот, барале авионот да се врати и пред да е изгубен контакт со леталото.
Тоа е прв пад за моделот на Боинг 737 MAX 8.
Авионот бил на пат од главниот град Индонезија Џакарта до градот Пангкал Пинанг на Суматра, на лет кој трае нешто повеќе од еден час.
Латиф рекол дека авионот изгубил контакт со контролата на летање околу 13 минути по полетувањето и се урнал во море.
Авионот барал итно слетување речиси веднаш откако полетал, а властите изгубиле контакт по тоа.
Според првите информации авионот паднал во море непосредно покрај брегот на Индонезија.
pray for lion air jt 610 pic.twitter.com/XreSXZTAWQ
— LenyMU (@lenyMU) October 29, 2018
Авионот е изработен неодамна , и имал околу 800 часа лет, изјавил шефот на индонезискиот национален одбор за безбедност во сообраќајот Сорејанто Тјахјоно.
„Лајон ер“ потврдил дека авионот бил исправен и дека во него имало искусна екипа.
Властите соопштиле дека нема да шпекулираат за причините на трагедијата додека црната кутија не се пронајде и не се добие снимка од контролната служба за контрола на летање, рекол Тјахјоно.
Пронајдени се остатоци од авионот, вклучувајќи и седишта, кои пловеле во близина на објекти кои и припаѓаат на индонезиската државна нафтена компанија, изјавил службеник на компаниите.
Покрената е операција за пребарување и спасување , а спасувачите се испратени да побараат можни преживеани во поплавените остатоци.
Објавено е видео кое покажува бројни пловила кои се приближуваат до локацијата на несреќата. Ниту еден преживеа не е виден на сниимките.
Ова е најлошата авионска несреќа во Индонезија откако авионот „ЕрЕјжиле“ од Сурабија кон Сингапур се урнал во морето во декември 2014 кога загинале сите 162 патници и екипаж кои се наоѓале во авионот.