(ВИДЕО) НАСА ја објави првата снимка од експлозија на ѕвезда
Објавено во: Свет, Стил 23 Март, 2016
Aмериканската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) првпат успеа да сними блесок на ѕвезда која „умира“.
Експлозијата се сличила на оддалеченост од 1,2 милијарди светлосни години од Земјата и траела 20 минути. Пред тоа, два дена ѕвездата станувала се посветла и поголема.
Згаснувањето на ѕвездата „црвен џин“ КСН 2011 е снимена од страна на телескопот „Кеплер“. Иако ѕвездата е многу далеку од нашиот Сончев систем и нема влијание врз нас, астрономите од НАСА наведуваат, дека тоа е многу значајно случување, затоа што целиот живот во Вселената потекнал од такви „супернова експлозии“.
Видеото кое НАСА го објави е анимација, но темелена врз основа на вистински податоци кои ги собра телескопот.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/kLlILnQjGfc[/embed]