(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ: Погодени Хрватска и БиХ
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2020
Невреме го зафати Балканот, при што се погодени Хрватска и БиХ.
Обилните дождови поплавија детска болница во Загреб, но и неколку станбени објекти. Пожарникарите за време на поплавите имале преку двесте интервенции, а еден од нив загинал откако му се слошило при укажување на помош. Градоначалникот Милан Бандиќ вели дека природата едноставно ги надминала капацитетите на градот.
Силното невреме ја зафати и Истра, каде наврнаa 30 литри дожд на метар квадратен.
Прогласена е состојба на природни непогоди и во Босна и Херцеговина, откако во Тузла во краток период наврнале 70 литри на метар квадратен. Бројни домови се поплавени и во овој град, каде пожарникарите имаа многу интервенции.