26 Април, 2024
0.0336

Видео: Николовски најави дека УЈП нема да им виси на врат на земјоделците

Објавено во: Агробизнис 22 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Фокусот во нашиот план за живот во Македонија е токму животот на секој човек во Македонија, и затоа токму денеска, од Струмица, од најземјоделскиот крај, сакаме да испратиме неколку пораки, посебно на земјоделците, за она што мора државата да го направи за нив, рече на денешната пресконференција Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

- Она што ние го предвидуваме е нов и праведен даночен систем во Македонија, којшто ќе значи дека оние коишто имаат помалку, ќе плаќаат помалку. Тие коишто ќе имаат повеќе, ќе плаќаат и повеќе. Затоа, она што го сакаме како цел е да го укинеме персоналниот данок за оданочување на земјоделците, со којшто се оптоварени во целиот овој период. Тоа ќе значи дека ќе им ги скратиме административните процедури, дека повеќе пари ќе останат кај земјоделците, дека ќе можат да инвестираат повеќе дека земјоделското производство ќе можат да го зголемат и дека ќе бидат поконкурентни. Тоа значи дека нема УЈП да им виси на вратот, за она што се случува и го гледаме во моментот - рече Николовски.


Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади