05 Мај, 2024
0.0245

(ВИДЕО ) НОВ СМАРТФОН: Телефон што може да го пиете со сапун

Објавено во: Стил 04 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Јапонскиот телефон Digno Rafre е смартфон кој може да го чистете на најлесен начин – под чешма со сапун. Тој е произведен  во соработка на операторот KDDI и Kyocera, производители кои веќе имаат богата гама на уреди отпорни на вода, што мора да се спомне е главна мода на јапонскиот пазар.

Телефонот може да се мие со топла вода (до 43 степени) и со сапуница. Ова не помага само за да го одржувате телефонот беспрекорно чист, туку значи и дека можете да го користите во бањата.

Освен тоа, Digno Rafre има дисплеј на допир со посебна технологија која овозможува користење со влажни раце.

Смартфонот освен овој адут , нема некои други импресицвни карактеристики. Дисплејот има HD резолуција растегната на 5 инчи во дијагонала, процесорот има веројатно четири јадра (и е помогнат од 2 GB рам и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка. Задната камера има солидни 13 мегапиксели, а батеријата има 3000 mAh капацитет.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Vc6eNqoLeQs[/embed]