29 Април, 2024
0.0245

(ВИДЕО) Нов трејлер на филмот за Стив Џобс

Објавено во: Стил 01 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Во месец мај го видовме првиот трејлер на филмот за Стив Џобс од Дени Бојл по сценарио на Арон Соркин, базиран на биографска книга на Волтер Аизaкстан, но тој беше доволно краток за да не остави во очекување на повеќе.

Новото рекламно видео е токму она што ни требаше бидејќи покажува повеќе од трансформацијата на Мајкл Фасбендер како Џобс, а освен тоа нуди поглед кон останатите улоги на Кејт Винслет, Сет Роугин и Џеф Даниелс.

Филмот ќе следи со настаните за претставување на трите главни производи на „Apple“, создадени по водство на Стив Џобс - „Macintosh“, „NeXT“ и „iMac“.

Премиерата на филмот е закажана за на 9 октомври оваа година.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/aEr6K1bwIVs[/embed]