17 Мај, 2024
0.0423

(ВИДЕО) НОВА ПОНУДА: Куќи за едно евро и во Бивона

Објавено во: Свет 27 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Гратчето Бивона на Сицилија е место каде на сите заинтересирани им се нудат даночни олеснувања за да купат куќи. Целта е да се спречи целосното изумирање на овие места.

„Во последните 40 години, нашето население се преполови, сега имаме само 3.800 жители“, рече Ангела Канизаро, консултант за култура во Бивона. 

Планот е да се врати благосостојбата во градот. 

„Ние сакаме да ја вратиме изгубената величественост на нашето најзначајно време во историјата, уште од ренесансата кога 8.000 луѓе живееја во Бивона, а тоа беше процутот на феудалното војводство благословено од императорот Карло V“, изјави Канизаро.

Како што е вообичаено во вакви аранжмани, се очекува купувачите да инвестираат во обновување и поправка на имотот. Даночните олеснувања во Бивона се наменети за купувачи кои сакаат да вложат и да живеат таму.

Главната причина за да се доселат, освен привлечноста на местото, е тоа што ќе биде многу поевтино и полесно да се живее на долг рок во Бивона, смета Анџела Канизаро.

Другите градови, вклучувајќи ги и сицилијанските заедници Мусомели и Камарата, бараат од домашните купувачи на куќи за 1 евро да платат и  5.500 евра како аванс, а доколку новиот сопственик не започне со реновирање во рок од три години, парите му се враќаат.

Во Бивона локалните власти бараат обврзница од 2.750 евра и го продолжуваат периодот на задолжителна обнова на четири години.


Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра