(ВИДЕО) НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Река однесе најмалку 11 луѓе
Објавено во: Свет 21 Август, 2018
Повеќе од 11 лица загинаа во јужна Италија, а 5 се водат како исчезнати, откако река надојдена по дожд ги фрлила преку карпите во длабока планинска клисура.
Одделот за цивилна заштита објави дека 23 лица се спасени, а 12-мина се згрижени во болница по поројот што носел сè пред себе во клисура во јужниот дел на Калабрија.
Шест жени и пет мажи загинале во поројните води, а засега нивната националност не е позната.
„Клисурата многу брзо се исполни со вода и луѓето од таму беа катапултирани како куршуми. Завршија на околу три километри длабочина во долината“- изјави шефот за цивилна заштита во Калабрија, Карло Танси.
Тој додаде дека теренот е недостапен во некои делови, затоа што е широк само четири метри, што ја отежнува работата на спасувачите.
Ова е втора голема трагедија во Италија за две седмици. На 14 август се урна мост на автопат во Џенова, при што загинаа 43 луѓе.