(ВИДЕО) НОВО ОТКРИТИЕ: Гулабите можат да детектираат рак
Објавено во: Свет, Стил 27 Ноември, 2015
Гулабите имаат вроден инстинкт да го препознаат малигното ткиво, покажуваат истражувачите.
Додека радиолозите со години учат како да разликуваат канцерогени од здрави клетки, новото истражување покажува дека гулабите се идниот детектор на ракот.
Новото итражување објавено во „Плос оне“ покажува дека гулабите можа да препознаат анатомски слики со малигни или бенигни клетки на карцином на дојка.
На почетокот на истражувањето, гулабите можеле да оценат која од две слики покажува малигни клетки со точност од 50%. По неколкудневен тренинг, точноста се зголемила на 85%.
За да бидат сигурни дека гулабите не ги помнеле сликите, научниците им давале нови примери.
Докторот кој работел на истражувањето за медиумите изјавил дека резултатите не биле воопшто очекувани.
Секако, ова откритие нема да значи дека гулабите ќе ги заменат радиолозите, но нивната вештина би можела да помогне во анализата на снимките.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=flzGjnJLyS0[/embed]