ВИДЕО од земјотресот: Половина Петриња во рушевини, се извлекуваат луѓе, врисоци низ градот
Објавено во: Балкан 29 Декември, 2020
Половина од градот е уништен, изјави денеска градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди градот околу 12,20 часот. Побара помош веднаш да биде испратена во тој град. Неофицијално веќе има една жртва.
„Извлекуваме луѓе од автомобили, не знаеме дали има мртви или ранети, слушам за штети во детска градинка ама за среќа таму денеска немаше деца, рекол градоначалникот, пренесува Хина.
Тој додаде дека владее општа паника во градот и дека луѓето ги бараат своите најблиски. Думбовиќ ги повика сите што можат да дојдат да им помогнат.
Думбовиќ за Н1 изјавил дека се слушнал со премиерот Андреј Пленковиќ по телефон, кој потврди дека наскоро ќе дојде во Петриња.
Во меѓувреме хрватската војска тргна да му помогне на тој град.
Според Јутарњи лист, најмалку 300 војници ќе пристигнат во Петриња.