(ВИДЕО) Одложени летови поради песочна олуја
Објавено во: Свет 04 Август, 2018
Оштетени кабли, паднати стебла и откажани авионски летови. Ова се само дел од последиците предизвикани од песочната олуја, која го погоди Феникс и остатокот на Аризона.
Поради невремето, видливоста е целосно намалена, откажан е и бејзбил натпревар, а жителите во текот сообраќајниот шпиц, можеа да забележат како се движи огромниот облак прашина.
Националната метеоролошка служба истакна дека песочната олуја покрила територија од 113 километри и имала висина од 1524 метри.