(ВИДЕО) ОТКРИЕНА ИЗМАМА: Пратеничка плаќала на девојки за да полагаат испити за неа
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2019
Пратеничка праќала девојки да полагаат испити за неа на факултет, за што им плаќала и откако е откриена, не се знае дали ќе остане во Парламент.
Се работи за Тамана Нусрат од Бангладеш, и таа е избркана од факултет откако ангажирала девојки за да ги полагаат испитите наместо неа.
Нусрат која е од владејачката партија Авами лига пронашла најмалку осум студентки кои личат на неа и им платила да полагаат испити.
Девојките за неа положиле 13 испити.
Меѓутоа, сето тоа се открило кога локалната ТВ станица влегла во училницата каде што студентите ги полагале тестовите и се соочиле со девојката која се претставувала како Нусрет, со што измамата станала ТВ скандал.
Нусрат, која влезе во парламентот како пратеник лани, студирала уметност на факултетот.